Што направи Груевски: Кога имаше пари за компјутер за секое дете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изминаа повеќе од 10 години од проектот „Компјутер за секое дете“ на Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски.

Според податоците на веб-страницата на Владата на Македонија, за проектот „Компјутер за секое дете“ биле набавени 17.818 персонални компјутери, 98.710 ЛЦД-монитори, 98.710 тастатури и глувчиња и 80.892 тин-клиенти за основните и средните училишта во Македонија. Во 2009-та проектот беше проширен и надграден со набавка на плус 22.000 лаптопи за наставниците во основните училишта.

Владата го почна проектот „Компјутер за секое дете“ уште во 2007 година.

„Целта на овој проект е зголемување на степенот на користење на компјутери и интернет, со што значително се подобруваат информатичко-технолошките вештини на учениците, како и на нивните професори, преку можноста за побрз и едноставен пристап до образовните дигитални содржини и информациите на глобалната интернет-мрежа“, изјавија тогаш од министерството за образование.

Во 2019-та година Владата на СДСМ го запре проектот компјутер за секое дете.

– Не велам дека е лоша идејата за компјутери во училиштата, но треба да се има предвид дека со минатиот проект, имаше потфрлања при реализацијата. Потребни ни се консултации од експерти пред да воведеме повторно вакво нешто во образовниот систем. Во насока на дигитализација на наставата, заедно со Министерството за онформатичко општество, работиме на проект за мрежно поврзување на училиштата, да имаат подобра поврзаност, но пари за нови компјутери нема – изјави поранешниот министер за образование Арбер Адеми.

Премиерот Зоран Заев денеска на првиот ден од новата учебна година рече дека постапката за набавка на 40.000 компјутери за оние деца кои ги немаат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн настава би траела долго време.

– Постапка за набавка за 40.000 компјутери би траела до април месец. За оние кои ја немаат таа потребна опрема, има снимени материјали кои се со содветен распоред. Верувам дека ќе ги доекипираме техничките средства со донации, зависно кој колку може – Владата, министерствата или другите институции. Ќе направиме да може секое дете да се чувствува еднакво со другите, рече Заев.

Останува нејасно што ќе прават 40-те илјади ученици до април без компјутер и како ќе го остварат со Уставот загарантираното право на образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This