дома Македонија ШТО ПРАВЕЛ ЗАЕВ НА ТАЈНИОТ СОСТАНОК СО РАМА: Заев со Рама договарал...

ШТО ПРАВЕЛ ЗАЕВ НА ТАЈНИОТ СОСТАНОК СО РАМА: Заев со Рама договарал Македонците во Пустец да добијат бугарски државјанства, по барање на Борисов?

Според ексклузивни информации кои ги добивме во нашата редакција, пред два дена Заев имал тајна средба со Еди Рама, на средбата тој договорил Македонците од Албанија да добијат бугарски државјанства. Заев веќе подолго време договора со албанските и косовските власти, Македонците во Гора и Пустец да добијат бугарски државјанства.

Заев со ова всушност работи за бугарскиот премиер Бојко Борисов кој во повеќе наврати додека Заев беше во опозиција му помогна и му даде поддршка. Сега Заев го враќа долгот кон Борисов повторно на штета на македонските национални и државни интереси. Скриената клаузула за македонското малцинство во Албанија и Косово од договорот со Бугарија се реализира.

Доколку целосно се реализира овој план на Борисов и Заев, Бугарија ќе ја докаже својата теза дека всушност се граничи со самата себе си. Односно Бугарија ќе докаже дека штом нема Македонци во Албанија и Косово, нема Македонци ниту во Македонија.

Да се потсетиме дека во повеќе наврати изминатиот период високи бугарски претставници ги посетија Косово и Албанија. Имено бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за порталот МКД.мк изјави дека ,,Бугарското национално малцинство во Албанија е историски факт, а неговото признавање од страна на Европскиот парламент во никој случај не е антимакедонски чин’’.

Борисов пак во телефонски разговор со Еди Рама го повикал својот албански колега да се заложи за закон што ќе ги гарантира правата на бугарското малцинство во Албанија.
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски пак побара бугарската држава да вложи максимални напори за што побрзо да се започнат да се доделуваат државјанства за Бугарите во Албанија.