дома Македонија Што правеше Пендаровски додека одлучуваше Европа?

Што правеше Пендаровски додека одлучуваше Европа?

Претседателот Стево Пендаровски вчера издели од своето време за да ги прими на гости и на дружење евровизиските претставници Тамара Тодевска и нејзиниот тим.
На Фејсбук Пендаровски напиша дека ѝ честитал на Тамара што е избрана за најдобар женски интерпретатор на Европвизија 2019, а таа, пак, му ги пренела импресиите од Тел Авив.

Овојпат Тамара не се појави во пижами како во Владата, но спптотивно од сите протоколи, во Вилата Водно влезе со маичка на прерамки и очила за сонце закачени меѓу градите.