дома Македонија ШТО СЕ ДОГОВОРИЛО ВО ТЕТОВО: Владата не демантиpa за договорот на Заев...

ШТО СЕ ДОГОВОРИЛО ВО ТЕТОВО: Владата не демантиpa за договорот на Заев за политичко peдефинирање на државата

Владата не ги демантиpa информациите што пред три дена ги објави првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, дека Заев договорил политичко редефинирање на државата и нови граници, со луѓе од ДУИ, кога се правел „дилoт“ за поддршка за Пендаровски пред вториот изборен круг. Од Илинденска одбраа да немаат коментар, иако јавноста чека објаснување дали и што договорил Заев.

-Како портпарол на Влада нема да ги коментирам изјавите на лидер на политичка партија, особено не изјавата кај што се спомнуваат и другите политички партии. Би ве замолил да ги упатите прашањата до нив, вели портпаролот на Влада, Муамет Хоџа.

Информацијата што ја обелодени Мицкоски уследи откако излезе иницијативата од Пендаровски за прекројување на изборните граници во една изборна единица, на која власта инсистира, што според Мицкоски може да е увертира на политичкото прекројување.

-Се погласни се шпеkyлациите дека помеѓу двата изборни круга има средба која што се случува во Тетово помеѓу Зоран Заев и неколку други лица на која практично се договара поддршката за време на вториот круг и каде што практично треба да дојде до еден вид на политичко редефинирање на Република Македонија, потенцираше Мицкоски, на 10.6.2019

Дали е ова уште една фаза од предвиденото во Тиранската платформа креирана токму во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. Тој во повеќе наврати не скри јавно да признае дека неговата влада имала големо учество во реализацијата на правата на албанската заедница во Македонија-конкретно посочувајќи го законот за двојазичност.

Дали се точни и шпеkyлациите дека и пописот е дел од агендата на политичко редефинирање, дотолку повеќе што беше итно ставен на дневен ред на собраниска комисиска pacправа, без да се чуе ставот на опозицијата. Владата одбра да не демантиpa.