дома Македонија ШТО СЕ СЛУЧИЛО: Трајановски бил со Трајковски кога бил пpeтепан од две...

ШТО СЕ СЛУЧИЛО: Трајановски бил со Трајковски кога бил пpeтепан од две лица

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски синоќа кога бил нападнат од две непознати лица се шетал заедно со поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

Трајановски за Алсат потврдил дека бил со Трајковски, но не ги видел напаѓачите. Денеска не можел да даде детали околу случката, и им изјавил дека бил зафатен во својот подрум.

Нападот врз Трајковски го одложи денешното рочиште за случајот ТНТ, бидејќи Трајковски не беше во состојба на дојде на денешното судење. Неговиот адвокат тврди дека повредите му биле сериозни, а судијата Огнен Ставрев побара Трајковски стражарно да биде донесен во кривичниот суд, затоа што добил информација од Ургентниот центар дека Трајковски е пуштен дома.