Жители на Штрпце, мало место под Шар Планина во Косово, во четвртокот биле сведоци на несекојдневен феномен. Тие посведочиле за она што го виделе на небото, а кое според нив можеби е некој феномен или дело на вонземјани.
Фотографиите кои жителите ги пратиле во редакција, покажуваат несекојдневна појава точно над Љуботен, највисокиот врв на оваа планина. Кругови во боја биле нависнати над врвот на планината и според раскажувањата на мештаните се движеле со минимална брзина.