Што се случува? – Фејсбук блокираше македонска компанија поради сомнеж за „сајбер-шпионажа“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седум компании, од кои една е од Македонија, ја искористиле нејзината платформа за да шпионираат 50.000 луѓе во 100 земји, тврди Фејсбук.

Фејсбук објави дека седум компании, од кои една е од Македонија, ја искористиле нејзината платформа за да шпионираат 50.000 луѓе во 100 земји. Другите компании се лоцирани во Кина, Израел и Индија.

Според компанијата,  речиси 50.000 корисници биле мета на обиди за хакерство од компании за надзор кои работат за владини агенции или приватни клиенти, соопшти компанијата во четвртокот. Ваквите сознанија се резултат на повеќемесечна истрага на Мета, мајката на Фејсбук, за таканаречени „сајбер-платеници“ кои се занимаваат со „надзор за изнајмување“. Како резултат на тоа, Фејсбук соопшти дека презема дејствија против седум компании со седиште во четири земји, отстранувајќи околу 1.500 лажни сметки, блокирајќи злонамерни веб-адреси и испраќајќи писма за блокирање до компаниите.

Блокирана македонска фирма 

Како што објавија повеќе светски медиуми, меѓу кои и Вашингтон пост, една од седумте компании е македонската компанија Сајтрокс (Cytrox) развивач на малициозен софтвер за iPhone и Android. Името на оваа фирма, како што се наведува, било објавено во Форбс во 2019 година, кога се појавил „сојузот“ за надзор основан од Кипар и Израел, наречен Интелекса (Intellexa) што го купик Сајтрокс за 5 милиони долари.

Извршниот директор на Интелекса (Intellexa), Тал Дилијан, тврдел дека ја спасил од пропаѓање фирмата основана во Македонија, непосредно пред да презентира комбе за надзор од 9 милиони долари што може да хакира смартфон Huawei од стотици метри за да украде приватни податоци, вклучително и пораки на WhatsApp.

„Интелекса оттогаш доби казна од 1 милион долари од органот за заштита на податоците за користење на комбето“, наведуваат странските медиуми.

Конкретно за Сајтрокс (Cytrox), во извештајот на Мета се наведува дека биле отстранети 300 Фејсбук и Инстаграм профили на компанијата кои биле користени за да се вклучуваат и измамуваат цели, а се наведуваат и 10 држави во кои Сајтрокс имала муштерии, меѓу нив Египет, Ерменија, Грција, Саудиска Арабија, Оман, Колумбија, Брегот Слонова Коска, Виетнам, Филипините и Германија. Софтверот на македонската фирма се викал Предатор. 

Откриени се и „голем број“ веб-страници кои се имитација на големите јавни компании како Епл, Фокс Њуз, Гугл, Инстаграм и производителот на автомобили Тесла. Индикациите се дека тие би можеле да се користат во фишинг напади врз цели, соопшти Фејсбук.

Што знаеме за Сајтрокс?  

Според повеќе податоци на интернет, сопственик на компанијата Сајтрокс во Македонија е Иво Малинковски, кој е и газда на винаријата Камник. Последниот јавно достапен податок за оваа фирма е оглас за вработување од јули годинава, кога Сајтрокс барала нови работници за својот тим во Скопје.

Според огласот објавен на интернет-страницата Декра, нивниот клиент „Сајтрокс е компанија со седиште во Израел со експертиза во дизајнирање на софтверски решенија за бизниси и влади кои помагаат во дизајнирање, менаџирање и имплементација на системи за сајбер разузнавање.“

Во огласот се потенцира дека работните места се дел од нивниот „брзорастечки тим во Скопје“. Дојче веле се обиде да стапи во контакт со сопственикот на фирмата, по веста која што ја пренесоа сите светски медиуми.

Извор: dw.com

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This