Што се случува: Mpaчно откритие на Пентагон за американската apмија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе припадници на американската војска го загубиле животот поради самоубиство само во вториот квартал на 2021 година отколку што починаа од коронавирусот за време на целата пандемија, според извештајот на Пентагон која ја тресе американската војска и јавноста.

Во периодот помеѓу април и јуни 2021 година, имало 139 самоубиства меѓу припадниците на армијата – 99 во активна служба, 14 со резервисти и 26 во Националната гарда, според извештајот на Канцеларијата за превенција од самоубиства во Министерството за одбрана.

Бројот на самоубиства меѓу активните припадници на армијата е за 46 проценти поголем отколку во истиот период минатата година.

Овие податоци покажуваат дека бројот на самоубиства само во тој квартал од годината е двојно поголем од бројот на загинатите припадници на армијата од ковид-19 од почетокот на пандемијата, кој изнесува 58, пренесува РТ.

Овој податок е уште полош од фактот дека стапката на самоубиства во 2020 година се зголеми во споредба со 2019 година. Имено, вкупниот број на самоубиства во активната и резервната армија и Националната гарда во 2020 година беше 701, додека во 2019 година бројот беше 595.

Според извештајот на американското Министерство за одбрана за 2020 година, најтешката ситуација е меѓу активните припадници на армијата. Во последните седум години, стапката на самоубиства меѓу нив постојано расте. Во 2020 година, го достигна највисокото ниво од 2008 година, кога беа собрани детални податоци.

Стапката на самоубиства кај активните членови во 2020 година беше 28,7 на 100,000, додека во 2008 година беше 16,9 на 100,000.

Најзагрозени се активните припадници на армијата на возраст под 30 години. Тие сочинуваат 42% од составот, и 63% од самоубиствата.

Исто така, ситуацијата е полоша во Армијата отколку во морнарицата. Стапката на самоубиства кај припадниците на Армијата е 36,4 на 100,000, а во морнарицата 19,3.

Овие анализи се направени пред повлекувањето на американската армија од Авганистан, па евентуалните самоубиства во тој поглед ќе бидат вклучени во следниот квартален извештај.

Студија од Универзитетот Браун која беше објавена во јуни оваа година, покажува дека од почетокот на американската „Војна против теророт“ во 2001 година до 2020 година, повеќе американски војници си го одзеле животот отколку што биле убиени во борбите.

Според таа студија, во тој период во воените операции загинале 7.057 војници. Од друга страна, во истиот период, 5.116 активни припадници на армијата си го одзеле животот. Освен нив, од 2011 до 2020 година, загинаа 1.193 припадници на Националната гарда и 1.607 припадници на резервната армија.

Според податоците на универзитетите во Соединетите држави, конзервативно се проценува дека бројот на самоубиства меѓу ветераните на американските „бескрајни војни“, започнати во 2001 година, изнесува 22.261.

Вкупниот број од 30.177 самоубиства е повеќе од четири пати поголем од бројот на убиени војници во борбени операции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This