дома Балкан ШТО СЕ СПРЕМА НА БАЛКАНОТ: Воз натоварен со десетина тeнкoви од Хрватска...

ШТО СЕ СПРЕМА НА БАЛКАНОТ: Воз натоварен со десетина тeнкoви од Хрватска се упатил во непознат правец!

Товарен воз полн со вoeни тенкови пристигна денес во претпладневните часови на железничката станица во хрватскиот град Копривница, и по неколку часа ја напушти станицата. Тенковите во Хрватска пристигнале од Јордан, а продилжиле кон Чешка.

Според информацијата на фоторепортерот на локалниот сајт „Подравски“ возот носел десетина тeнкoви.

„Не сум овластен да дадам информации. Искрено, ниту знам од каде доаѓаат, ниту каде одат тeнкoвитe. Но, и да знам, не би смеел да откријам.“, изјави шефот на копривничката железничка станица Жељко Камбер.

Тенковите им го привлекле вниманието на патниците што чекале воз, а еден корисник на социјалните мрежи на својот профил објавил дека тенковите се упатени кон Украина и дека се подготвува трета светска вoјнa.

Возот со моќното opужje се претпоставува дека се упатил во насока кон Унгарија. Тeнкoвитe не биле во најдобра состојба, биле запуштени и зарѓани.

Во меѓувреме се појавила нформација дека се работи за постар модел на тeнкoви „БМП 2“, кои доаѓаат од Ирак. Производител е Советскиот Сојуз, кој лиценцата за производство ја отстапил на Чехословачка и Индија.