Што точно се случува кога човек умиpa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако не знаеме што се случува по умирањето, знаеме што се случува во последните моменти од животот. Лекарката Кетрин Меникс ве води низ последните чекори од патувањето на човечкото тело.

Како и породувањето, и умирањето е телесен процес со фази и препознатлава прогресија. Исто како и раѓањето, брзината на процесот може да варира од личност до личност. Понекогаш е потребна медицинска поддршка за да се направи умирањето (или породувањето) што е можно побезбедно и попријатно.

Како што се приближува умирањето, повеќето луѓе губат интерес за јадење и пиење. Ова е нормално.

Луѓето што умираат немаат енергија. Многумина од нас имаат доживеано длабок умор предизвикан од некаква болест – состојба од која не ви се станува од кревет, со тежок грип или огромен умор додека се опоравуваме од операција. Спиењето обично ја надополнува нашата енергија и може да биде дел од закрепнувањето, но на крајот од животот, спиењето има сѐ помало влијание додека телото се движи кон процесот на умирање.

Човек што умира помалку време е буден. Но, она што изгледа како спиење, постепено станува нешто друго: паѓање во бесознание во подолги периоди. Кога се будат, луѓето велат дека спиеле мирно, без никакво чувство дека биле во несвест.

Што се случува во последните моменти?

Како што доаѓаат наредните фази, срцето чука посилно, крвниот притисок паѓа, кожата се лади и ноктите се замаглуваат. Внатрешните органи функционираат помалку со намалувањето на крвниот притисок. Може да има периоди на немир или моменти на конфузија или само постепено продлабочување во бесознанието.

Не постои докажан начин за истражување на тоа што доживуваат луѓето во текот на процесот на умирање. Најновите истражувања покажуваат дека дури и кога се блиску до смртта, несвесниот мозок реагира на звуците во собата. Но, не знаеме колку музиката или гласовите имаат некаква смисла за човекот кој умира.

Дишењето на несвесните луѓе следи автоматски обрасци генерирани од респираторниот центар во мозочното стебло. Бидејќи не се свесни за устата и грлото, луѓето кои умираат може да дишат тешко, гласно или преку плунката во задниот дел на грлото, но без очигледна вознемиреност.

Дишењето се движи од длабоко до плитко и од брзо до бавно со повторување на циклусите; на крајот дишењето се забавува и станува многу плитко; има паузи и на крај, престанува. Неколку минути подоцна, срцето престанува да чука бидејќи му снема кислород.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This