дома Македонија ШТРАЈКУВА ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА: Мали плати и недоволен број на кадри причина за...

ШТРАЈКУВА ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА: Мали плати и недоволен број на кадри причина за штрајк

Независниот синдикат на Затворската полиција и администрација при КПУ „Затвор“ Скопје оргаизира штрајк односно марш, кој ќе се одржи утре пред минситерството за финансии.

Барањата на полицајците се да се покачи вредноста на бодот на вработените и да се реализираат нови вработувања со можност за преземање професионални војници по пензионирањето.

Маршот ќе започне во 12.30, а зборно место е хотелот „ВИП“ кај Скопскиот саем. Полицајците ќе се движат до Владата на РМ, а оттаму ќе се упатат кон Министерството за финансии.