Штo знaeмe зa cимптoмитe нa нoвиoт coj нa кopoнaвиpyc?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Појавата на новиот сој на коронавирус во југоисточна Англија предизвика загриженост на глобално ниво, откако премиерот Борис Џонсон рече дека може да се прошири и до 70 проценти побрзо од оригиналната верзија.

Што знаеме за симптомите?

Научниците потврдија дека мутираниот коронавирус, наречен VUI-202012/01, има поголема стапка на пренесување отколку другите форми на вирусот, пренесува Independent.

Питер Хорби, претседател на советничката група за респираторни вируси (Nervtag), го потврди ова во понеделникот, истакнувајќи дека новата варијанта „има предност во поглед на преносливоста во однос на другите вирусни варијанти што моментално ги има во Велика Британија“.

Патрик Валенс, главен научен советник на Владата, исто така рече дека мутираната верзија „очигледно“ се пренесува побрзо од другите. Но, уште поважно, новиот вид на коронавирус не предизвикува посериозна форма на болеста COVID-19 од другите варијанти на болеста, додаде Валанс.

Тој исто така додаде дека „нема докази дека текот на болеста е различен“.

Овие ставови ги потврди и професорот Крис Џонс, заменик главен медицински директор на Велс на владини конференции.

„Не знаеме со сигурност дека асимптоматските носители ќе ја манифестираат токму таа варијанта, но нема причина да се мисли дека нема“, рече Џонс, додавајќи дека досега доказите покажуваат дека новиот сој не се разликува од претходната варијанта на болеста.Асимптоматски носители.

Асимптоматски носители

„Затоа, претпоставувам дека луѓето ќе бидат асимптоматски носители како и претходно“, рече тој.

Новиот многу заразен сој на коронавирус првпат беше откриен во септември, но стана широко распространет дури во ноември, за време на локдаунот во Англија.

Експоненцијален раст е забележан и од ноември, според Nervtag.

Со оглед на брзината на заразата, Валанс рече дека рестрикциите во Англија треба да се засилат.

Иако VUI-202012/01 сега е најконцентриран во Лондон и во други области на југоисточна Англија каде што се воведени нови рестрикции, новиот сој коронавирус е забележан и надвор од Велика Британија.

Велшкиот министер Марк Дрејкфорд во понеделникот изјави дека се потврдени повеќе од 600 случаи на новиот сој на коронавирус, а случаи досега се потврдени во Австралија, Данска и Гибралтар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This