Штo мoжaт дa ни пoкaжaт тecтoвитe нa aнтитeлa, a штo нe?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу работи сѐ уште не се знаат за новиот коронавирус SARS-CoV-2, вклучувајќи го и прашањето за трањето на имунитетот по прележаната инфекција. Прашањето збунува многумина, од научниците до обичните луѓе кои би сакале да знаат во колкава мера се заштитени по првата доза на вакцината.

На некои прашања, одговор може да даде тестирањето на антитела, но ниту тие не даваат целосен одговор кога е во прашање имунитетот.

Постојат два основни видa: тестови кои го мерат присуството на антителата во организмот и оние кои испитуваат во колкава мера тие антитела се ефикасни против вирусот.

Првите се многу сигурни ако сакате да утврдите дали сте имале ковид-19. Вторите, познати како неутрализирачки тестови, се спроведуваат така што крвниот серум во лабораторија се доведува во контакт со делови од коронавирусот за да се утврди каква е прецизноста на антителата.

Иако ниту еден тест не нуди апсолутна сигурност, може да се каже дека „позитивниот неутрализирачки тест речиси секогаш значи дека сте заштитени“, рекол германскиот медицински биохемичар, Томас Лоренц.

И имунологот Карстен Вацл истакнува дека неутрализирачките тестови се попрецизни, но и додава дека истражувањата покажале корелација помеѓу количината на антитела и количината на неутрализирачките антитела.

– Со други зборови, ако имате многу антитела во крвта, мала е веројатноста дека сите тие антитела таргетираат, односно се насочени кон погрешен дел од вирусот – вели Вацл.

Тоа значи дека дури и едноставен тест за антитела укажува на одреден степен на заштита, но не може прецизно да ви каже колку.

– Всушност, никој не може да ви каже до кој степен сте навистина имуни. Дури и со голема количина антитела, постои одредено ниво на несигурност – вели Вацл.

Цената на тестовите варира од земја до земја, во повеќето европски земји цената е околу дваесетина евра, додека вториот вид на тест е поскап и се движи помеѓу 50 и 90 евра, рекол Лоренц.

Во некои земји можат да се набават и домашни тестови, но Лоренц советува да се воздржувате од тие „направи сам“ испитувања.

Кои типови на антитела постојат:

Три вида антитела се особено интересни. „Силите за брзо делување“ против вирусот се IgA и IgM антителата. Тие брзо се создаваат, но нивното ниво по завршувањето на инфекцијата се намалува побрзо отколку третиот вид на антитела. Тоа се IgG антитела, односно „мемориските клетки“, кои можат да останат во организмот долго време и можат да се „присетат“ дека SARS-CoV-2 е
непријател.

– Оние кои ги имаат тие мемориски клетки можат многу брзо да произведат нови антитела кога тоа ќе биде потребно – објаснува Вацл.

Кога има смисла да се направи тестирање на антитела?

Организмот почнува да произведува IgG антитела дури неколку дена од почетокот на инфекцијата и затоа за тестирањето на тој тип антитела, треба да се почека најмалку две недели по инфекцијата.

Од друга страна, тестовите на IgM антитела, веќе неколку недели по инфекцијата може да бидат негативни, бидејќи тој тип на антитела брзо исчезнува.

Со серолошките тестови се докажува присутноста на антителата IgM и IgG во крвта, кои настануваат како имунолошки одговор на организмот по контактот со вирусот SARS-CoV-2.

Според моментално познатите податоци, IgM антителата во крвта може да се откријат најрано кон крајот на првата недела од појавата на симптомите, додека IgG антителата се појавуваат најчесто најбрзо по IgM антителата, во текот на втората недела.

– Тестовите на IgA и IgM антитела не се покажаа особено продуктивни во оваа пандемија – вели Лоренц.

Што значи ако тестот на антитела е негативен?

Негативниот тест не значи секогаш дека не сте заштитени од вирусот. И оние со негативен тест може да имаат одредено ниво на заштита, благодарение на Т-клетките (Т-лимфоцити), уште еден метод на борба на организмот против вирусот.

Т-клеките не „скокаат“ на вирусите пред тие да е „прикачат“ на нашите клетки, туку тоа го прават подоцна, односно ги напаѓаат клетките во кои вирусот се населил. Улогата на Т-лимфоцитите е многу важна за нашиот имунолошки систем. Многумина кои имале релативно блага зараза со коронавирусот брзо ги губат антителата, но тоа не значи дека еднакво брзо им опаѓа и нивото на Т-лимфоцитите, велат епидемиолозите, истакнувајќи дека во некои лаборатории можно е да се направи и тестирање на нивото на Т-лимфоцитите.

Дали позитивниот тест за антитела значи и поголема слобода на движење?

Многу земји ги даваат истите права на целосно вакцинираните лица и на оние кои преживеале ковид-19 во последните шест месеци. Но, за второто, доказ е дека ПЦР-тест, а не тестот на антитела.

Дали има смисла да се направи тест за антитела?

– За лицата со нарушен имунолошки систем или пациентите кои земаат имуносупресивни лекови, тестот на антитела има смисла – вели Вацл и додава дека по втората доза на вакцината, тие можат да го проверат нивото на антитела во организмот, додека за сите други, вакцинираните и оние кои прележале ковид- 19 значењето на тестот е ограничено.

Лоренц вели дека секој што сака да го процени своето ниво на имунолошка заштита против коронавирусот, би требало да избере неутрализирачки тест. Тој, исто така, вели дека не му паѓа напамет ниту еден случај кај кој би имало смисла да се направи едноставен тест за антитела, освен во случајот кога сакате да знаете дали стебимале вирус или не.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This