Штo ce cлyчyвa? – Јапонија пoвлeчe 1,6 милиoни дoзи oд вakцинaтa „Мoдepнa“ пopaди „нeпoзнaти мaтepиjaли“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јапонија денеска ја прекина употребата на 1,63 милиони дози од вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“, откако беше откриено дека во некои ампули има „непознати материјали“.

Јапонското Министерство за здравство соопшти дека примило извештаи од неколку центри за масовна вакцинација, во кои се наведува дека е откриено дека во одредени неискористени дози на вакцината на „Модерна“ се наоѓаат „ непознати материјали“.

Јапонскиот производител на лекови „Такеда фармасјутикал“, задолжен за дистрибуцијата и продажбата на вакцините на „Модерна“ во земјата, соопшти дека како мерка на претпазливост ја суспендира употребата на околу 1,63 милиони дози произведени во истата производствена лента, пишува агенцијата Кјодо.

Министерството за здравство и оваа компанија наведуваат дека допрва треба да ги проучат извештаите за можна нарушена безбедност на вакцината.

Според Министерството, „Модерна“ ветила дека веднаш ќе отвори истрага.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This