дома Балкан Штo ce cлyчyвa?: Cилeн зeмjoтpec гo пoтpece гpчкo-тypcкoтo пoдpaчje – Утpинaвa и...

Штo ce cлyчyвa?: Cилeн зeмjoтpec гo пoтpece гpчкo-тypcкoтo пoдpaчje – Утpинaвa и тpи дpyги вo poк oд 15 минyти

Силен земјотрес со јачина од 5.1 степен по Рихтер предмалку односно во 8 и 35 часот по локално време го погоди грчко-турскиот регион односно западниот брeг на Турција. Епицентарот е на 110 километри од Измир или 25 километри од Пломари во Турција.

Земјотресот бил со длабочина од 10 километри, но бил значително почувствуван во двете држави, информираат од ЕМСЦ.

Утрово исто така три умерени земјотреси во период од 5:46 часот до 6:00 часот, се случија на западниот брег на Турција, во близина на градот Измир. Првиот земјотрес бил во 5:46 часот со јачина од 4,8 степени, на длабочина од 10 километри.

Најмногу се почувствувал вториот земјотрес кој бил минута подоцна, на длабочина од 1 километар, со ист интензитет од 4,8 степени. Третиот земјторес бил во 6:00 часот, со јачина од 4,8 степени и на длабочина од 16 километри.