дома Свет Шумски пожар во Кина: Најмалку 19 загинати, од кои 18 пожарникари

Шумски пожар во Кина: Најмалку 19 загинати, од кои 18 пожарникари

Во шумски пожар што вчера избир во југозападниот дел на Кина загинаа 19 луѓе, објавија локалните медиуми.

во пожарот загинаа 18 пожарникари и еден локален жител додека се обидувале да го изгаснат огнот што изби во близина на префектурата Лиангшан Ји, во проовинцијата Сечуан.

Во Сечуан минатата година загинаа најмалку 27 пожарникари и тројца локални жители во шумски пожар.