дома Македонија Шуто Оризари со најмала излезност во Скопје

Шуто Оризари со најмала излезност во Скопје

Државната изборна комисија ги објави резултатите од излезноста на избирачките места до 19 часот.

Истата изнесува 45.74 проценти, досега правото на влас го оствариле 829,927 илјади гласачи од вкупно 1,814,263 гласачи запишани во избирачкиот список.

Повеќе детали околу излезноста можете да прочитате на официјалната страна на ДИК.

Инаку според резултатите обработени до 19 часот во скопските општини најмногу излезност има во скопско Сопиште со 53.64 проценти додека најмалку има во скопско Шуто Оризари 30.78 проценти.