Шokaнтeн извeштaj нa ЦИА: Дaли нa cвeтoт мy ce зakaнyвa глoбaлeн вoeн кoнфликт пopaди климaтcкитe пpoмeни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во следните неколку децении светот ќе се соочи со глобален воен конфликт поради климатските промени, се наведува во извештајот на ЦИА кој го пренесува РИА новости.

Се поголемите последици од климатските промени би можеле да ја влошат ситуацијата во прекуграничните геополитички жаришта, додека останатите државите ќе преземат чекори за заштита на нивните интереси, се вели во документот.

Според авторите на овој документ, во светот најдоцна до 2040 година ќе започнат „климатски конфликти“, во кои моќните држави ќе користат геоинженерски технологии, што ќе го засили негативното влијание на природните катастрофи како суши и поплави.

Експертите предупредија и на зголемените тензии помеѓу државите поради споровите околу спроведувањето на Парискиот климатски договор, што подразбира намалување на емисиите на стакленички честички со цел да се спречи глобалното затоплување.

Земјите ќе се соочат со тешки економски проблеми и веројатно ќе се потпрат на технолошки откритија за брзо намалување на емисиите на стакленички честички. Кина и Индија ќе играат клучна улога во одредувањето на патот на порастот на температурата – се наведува во документот.

Дополнително, авторите на извештајот го наведоа ризикот од внатрешни конфликти во земјите во развој поради ефектите од климатските промени, бидејќи тие земји се помалку способни да се прилагодат.

Потенцијалните идни жаришта во климатската војна вклучуваат региони како што се сливовите на реките Конго, Инд, Меконг и Нил. Таму може да настанат конфликти поради промени во речните канали и пренасочување на водните текови.

Во извештајот се наведени 11 држави кои се најпогодени од негативните ефекти на глобалните климатски промени. Според аналитичарите, овие држави можат да преземат екстремни мерки за нивен опстанок. Станува збор за земји кои поседуваат нуклеарно оружје, како Кина, Индија и Пакистан, но и Авганистан, Северна Кореја, и голем број земји во Централна и Јужна Америка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This