дома Европа (ШOKAHTHO ВИДЕО) СВЕТОТ НА НОЗЕ: Сурогат бебиња подготвени за родители од САД,...

(ШOKAHTHO ВИДЕО) СВЕТОТ НА НОЗЕ: Сурогат бебиња подготвени за родители од САД, Кина, Германија

Водечките светски медиуми известуваат за ситуацијата во главниот град на Украина, Киев, каде во еден хотел се наоѓаат 50 новороденчиња, пишува Курир.рс.

Како што наведуваат , се работи за сурогат бебиња по кои родителите од Велика Британија, САД, Италија, Германија, Романија и други земји не можат да дојдат бидејќи границите се затворени поради пандемијата на коронавирусот, јавува британскиот Дејли Мејл кој наведува дека се изгледа како фабрика за бебиња.

Како што наведува весникот родителите плаќале помеѓу 5.745 i 57.365 фунти на агенцијата која им помагала околу сурогат мајки.

За децата се грижат одредени лица, но сликите го алармирале обдусменот за човекови права на украинскиот парламент Људмир Денисов.

Како што јавува РТ сурогат мајчинството не е забрането строго во Украина и се наоѓа во легалната сива зона. Оние кои стојат позади ова може да бидат обвинети за трговија со луѓе во согласност со релеванттните закони, но по се изгледа властите во Украина не можат да се справат со процветувањето на сурогат мајчинството во земјата.