дома Спорт Ѓоковиќ го победи Америkaнецот

Ѓоковиќ го победи Америkaнецот

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, се пласираше во четвртото коло на Аустралијан опен со голема победа над американскиот играч Тејлор Фриц во пет сета, и покрај фактот дека вотекот на третиот сет имаше проблем со повреда и болки.
Српскиот тенисер мечот го заврши за три и пол часа, по сетови 7:6, 6:4, 3:6, 4:6, 6:2, а во наредното коло ќе се сретне со Милош Раониќ, канадскиот тенисер роден во Подгорица.

Дуелот Ѓоковиќ и Фриц со одлука на организаторот беше суспендиран во шестиот гем на четвртиот сет, во моментите кога српскиот тенисер се наоѓаше во големи проблеми поради големи проблеми поради повреда која го оневозможуваше да игра на свој начин, го мачеше при сервите, и при секое движење.

организаторот во 23.30 објави дека мечот се прекинува, бидејќи од полноќ почнува полициски час .

Мечот продолжи после кратка пауза, што добро му дојде на Ѓоковиќ да дојде да собере воздух и да се обиде да с е опорави од повредите.