дома Спорт Ѓоковиќ доби голема паpична награда за освоениот трофеј на Вимблдон

Ѓоковиќ доби голема паpична награда за освоениот трофеј на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска го освои својот петти трофеј на Вимблдон, откако во финалето го победи Роџер Федерер со 3-2 во сетови по пет часа боpба.

Србинот притоа доби и голема парична награда, односно речиси три милиони долари, додека Федерер мораше да се задоволи со речиси 1,5 милиони долари.

Вреди да се спомене и дека Ѓоковиќ е рекордер меѓу тенисерите според заработката, зашто досега заработи над 130 милиони долари, додека Федерер има заработено 124 милиони долари.