дома Спорт Ѓоковиќ лесно го помина тенисерот кој го елиминираше Федерер

Ѓоковиќ лесно го помина тенисерот кој го елиминираше Федерер

Новак Ѓоковиќ со убедливи 3-0 во сетови го победи Џон Милман и се пласираше во полуфиналето на УС Опен каде ќе игра против Кеи Нишикори кој беше подобар од Марин Чилиќ.


Милман направи сензација кога во осминафиналето го елиминираше Роџер Федерер, но беше немоќен против Новак Ѓоковиќ во мечот кој носеше пласман меѓу четирите најдобри.Ѓоковиќ рутински со 6-3, 6-4 и 6-4 го доби мечот и избори пласман во полуфиналето каде што ќе игра против Кеи Нишикори.
Јапонскиот тенисер водеше голема битка со Чилиќ. Хрватот почна одлично, го доби првиот сет со 6-2, но следните два му припаднаа на Нишикори со 6-4 и 7-6. Чилиќ се врати добивајќи го четвртиот сет со 6-4, но решавачкиот со истиот резултат му припадна на Нишикори.
Во другото полуфинале ќе играат Рафа Надал и Хуан Мартин Дел Потро.