дома Спорт ЃОКОВИЌ СТАСА ДО 14ТА ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА СО ПОБЕДАТА НА УС ОПЕН:...

ЃОКОВИЌ СТАСА ДО 14ТА ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА СО ПОБЕДАТА НА УС ОПЕН: Србинот се изедначи со легендарниот Пит Сампрас на осовојувачи на гредн слем трофеи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои УС опен.Тој во вчерашното финале го совлада Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 3-0 по сетови. 6-3, 7-6 и 6-3.

И двајцата тенисери влегоа сигурно во мечот. Сервисот одлично им работеше, но во осмиот гем Дел Потро попушти. Иако имаше 40-0, Ѓоковиќ одигра одично во остатокот од гемот и додје до брејк. Со сигурен сервис успеа да го освои сетот со 6-3.

Новак влезе сигурно и во вториот сет и имаше предност од 3-1, но неговата игра вовлече нервоза и Дел Потро набрзо го врати изгубениот сервис. Победникот во вториот сет беше решен со тај-брејк каде што Аргентинецот направи неколку грешки. Ноле тоа го искористи и го освои вториот сет со 7-6 за 2-0 во сетови.

Ѓоковиќ одлично влезе и во третиот сет. Повторно поведе со 3-1, но Дел Потро не се предаваше и дојде повторно до 3-3, сепак кога беше најважно аргентинскиот тенисер не можеше да издржи.

Новак во осмиот гем дојде до брејк, сервираше за меч, го доби третиот сет со 6-3 и со тоа го освои УС опен со убедливи 3-0.

Ова е трета титула за Ноле на УС опен и 14. Гренд Слем во кариерата, а на вечната листа се изедначи со легендарниот Пит Сампрас.