дома Спорт Ѓоковиќ ја освои петтата титула во Дубаи

Ѓоковиќ ја освои петтата титула во Дубаи

Новак Ѓоковиќ триумфираше на тенискиот турнир АТП 500 во Дубаи по победата над Стефанос Циципас.

Светскиот рекет број 1 победи со 6-3, 6-4 за 1 час и 17 минути игра. Ова е негова петта титула во Дубаи и прва од 2013 година. 32-годишниот Ѓоковиќ трипати направи брејк на сервис на Гркот и загуби само еднаш на негов.

На овој начин, Србинот покрај освојувањето на својата трета титула сезонава по АТП Купот со Србија и „Австралија опен“ по осми пат, поведе и во своето ривалство против Циципас.

Ова е трет успех за Новак, а Гркот има два.