дома Спорт Ѓоковиќ ќе игра за историја, ако победи во Париз ќе стане ЕДИНСТВЕН...

Ѓоковиќ ќе игра за историја, ако победи во Париз ќе стане ЕДИНСТВЕН во една работа

Финалето на Ролан Гарос меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе биде судир на двајцата најдобри тенисери на денешницата.

Тоа ќе биде 56-ти дуел на двете тениски легенди, а засега предноста е на страна на српскиот играч (29-26). Овој меч ќе биде од исклучително значење и за двајцата финалисти. Неколку рекорди ќе се срушат кој и да победи, а Србинот пред себе има историска можност да стане единствен во една категорија.

Досега ниту еден тенисер пред него не победил двапати на секој Грен слем турнир. Роџер Федерер како и Ѓоковиќ има една победа во Париз, а Надал само еднаш се израдувал на Австралија опен.

Првиот светски рекет знае како е да се победи Надал на централниот терен „Филип Шатрие“. Во 2015 година запиша победа над големиот фаворит и ривал со убедливи 3-0 во четвртфиналната фаза. Тој период беше еден од најдобрите во неговата кариера, кој сепак не му донесе славје во француската престолнина таа сезона.

Фаворитската улога и во ова финале ќе биде на страна на „кралот на земја“, но ако се земе предвид формата на српскиот ас и фактот дека никој не го надиграл во 2020 година, тогаш може да се очекува епски судир на двата тениски шампиони.