Голем број Македонци во моментов се наоѓаат на Халкидики каде има страшно невреме и поплави. Меѓу нив е и поп-пејачот Ѓоко Таневски кој објави неколку видеа на социјалните мрежи каде може да се види како улиците се претворени во реки, а автомобилите пливаат. Сепак, Таневски вели дека невремето не било толку страшно, барем не во делот каде што престојувал тој и додава дека се е во ред со него и семејството и веќе се на пат за назад во Македонија.
Нема јавувања ниту за поплавени објекти во кои се сместени туристите.
Од туристичките агенции кои ги контактираше МИА информираат дека не се откажуваат аранжманите и оти немаат јавувања за поголеми поплавувања на вилите и апартманите во кои се сместени туристите освен дека во некои делови на вториот крак немало струја.