дома Македонија ЃОРЧЕВ: Во сите обраќања го користев името Македонија, иако пратениците од Грција...

ЃОРЧЕВ: Во сите обраќања го користев името Македонија, иако пратениците од Грција реагираа повеќе пати

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев е во посета на Виена, Австрија од каде што истакна дека во сите обраќања и средби го користи името Македонија.

– Го користев името Македонија во сите обраќања и средби. Ја кажав реалноста за македонските состојби и фијаското на актуелната власт, напиша Ѓорчев на социјалните мрежи.
Ѓорчев додаде:

-Пратениците од парламентот на Грција неколку пати реагираа, но нашата татковина се вика Македонија.