дома Македонија ЃОРЧЕВ: Да беа ова парламентарни избори – ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше 52 пратеници...

ЃОРЧЕВ: Да беа ова парламентарни избори – ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше 52 пратеници а СДСМ околу 40

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимиор Ѓорчев, во отвореното студио на ТВ Сител истакна дека ВМРО-ДПМНЕ победи во најголем дел од македонските општини во државата, што на парламентарните избори би значело победа на парламентарни избори во државата.

-ДУИ му обезбеди можеби 120.000 гласови на Пендаровски. Ако тие се одземат од контото, плус гласовите на другите коалициони партнери на СДСМ, тоа би значело дека нивната партија на парламентарни избори би освоиле околу 230.000 гласови. Таа разлика значи дека ВМРО-ДПМНЕ би имале 53 а СДСМ околу 40 пратеници. – порача Ѓорчев.