дома Македонија ЃОРЧЕВ ЖЕСТОКО ДО ВЛАДАТА: На што потрошивте 3 и половина милијарди евра...

ЃОРЧЕВ ЖЕСТОКО ДО ВЛАДАТА: На што потрошивте 3 и половина милијарди евра пари на граѓаните?

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев од Собраниската говорница на пленарната седница постави прашање до власта, на што досега тие потрошиле неверојатни 3 и половина милијарди евра. Тој го постави ова прашање со оглед на како што вели фактот дека ниту една шајка не е закована, а ниту една бандера не е направена.

-Вие сте тука да зборувате за јавните набавки за она што владата го набавува и за она што владата треба и сака да го испорача на граѓаните. Јас имам неколку едноставни прашања до вас. Прво прашање, госпоѓа заменик министер, Владата на Зоран Заев во 2018 година, оваа година потроши повеќе од 3 милијарди евра од граѓаните на Република Македонија. Што за 3 и половина милијарди евра Владата на Зоран Заев испорача на граѓаните на Република Македонија? Одговорот е многу едноставен, една шајка не е закована, една бандера не е направена. Госпоѓа заменик министер кажете за што потрошивте дали на јавни набавки, проекти, дали исполнети или не исполнети ветувања, дали лаги? На што потрошивте 3 и половина милијарди евра пари на граѓаните?