дома Политика ЃОРЧЕВ: Им благодарам на сите 80 делегати што гласаа за мене, Силјановска...

ЃОРЧЕВ: Им благодарам на сите 80 делегати што гласаа за мене, Силјановска да постигне што подобар резултат

Би сакал да и честитам на Гордана Силјановска за кандидатурата на претседателските избори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече нејзиниот најсериозен противкандидат Влатко Ѓорчев по завршувањето на конвенцијата во Струга.

-И посакувам успех во кампањата и што подобар резултат зашто важно е за иднината на Република Македонија опозицијата да има што подобар резултат – рече Ѓорчев, додавајќи дека СДСМ и Зоран Заев се главниот проблем во државата.

Притоа, тој им се заблагодари на 80-те дегелати што гласаа за него на конвенцијата од вкупно 519, од кои 408 гласаа за Силјановска.