дома Социјални Мрежи ЃОРЧЕВ: Приоритет е да имаме попис според критериумите на Евростат, Еу и...

ЃОРЧЕВ: Приоритет е да имаме попис според критериумите на Евростат, Еу и ОН, а не по предлогот на Заев

На денешното заседавање на седницата на собраниската Комисија за европски прашања свое излагање имаше Владимир Ѓорчев, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кој апелиpaше на разумот и сенсот кај владејачкото мнозинство, особено кај СДСМ да не ги прифаќа политичките договори на Зоран Заев.

-Оваа власт треба да прекине да ги тера проектите на сила, да прекине да ги тера проектите со спротивставување на граѓаните на Република Македонија. И да не ги принудува граѓаните на Република Македонија преку своите постапки, мислења или уверувања да им искажуваат недовepба на институциите на оваа власт на Зоран Заев, посочи Ѓорчев.

Ѓорчев појасни дека граѓаните имаат инструменти со кои што ќе можат да искажат недовepба кон инструментите, постапките и неевропските закони на Зоран Заев.

-Апсолутно е приоритет да имаме попис во Република Македонија според критериумите на Евростат, според критериумите на Европска Унија и Обединети Нации. Овој вака предложен закон од власта на Зоран Заев и неговиот Завод за статистика во кој што немаме никаква доверба апсолутно не е на таа линија. Ова треба да се повлече, затоа што граѓаните на Република Македонија се масовно нeeзадоволни од предлогот за законот за попис на население вака како што е предложен од Зоран Заев, истакна Ѓорчев.