дома Актуелно ЃОРЧЕВ: СДСМ со прифаќањето на Тиранската платформа, прифатиле ослободување на виновниците за...

ЃОРЧЕВ: СДСМ со прифаќањето на Тиранската платформа, прифатиле ослободување на виновниците за Диво насеље каде загинаа 8 полицајци, и уште 30 беа повредени

СДСМ неколку пати кажа дека ја прифаќа платформата, а има еден куп точки кои се проблематични за Република Македонија, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев во вестите на ТВ Нова.

Во платформата има точка за де факто, или меѓу редови за ослободување на луѓето коишто се виновни за она што се случи во Куманово. Таму загинаа 8 полицајци, и уште 30 беа повредени, сега СДСМ ќе ни каже дека лицата кои пукаа врз полицајците, коишто во рацете држеа базука, РПГ, експлозиви, снајпери и автомати се невини и треба да се пуштат?, или за лицата коишто во судска процедура има докажано вина за случајот кај Смилковското езеро и тие ли треба да се пуштат“, колку амнестии има намера СДСМ да ни приреди само за да се дограби до власт?, запраша Ѓорчев.