дома Социјални Мрежи ЃОРЧЕ КАКО ДИВИОТ ЗАПАД: Населбата се претвори во најголемиот хиподром во Македонија...

ЃОРЧЕ КАКО ДИВИОТ ЗАПАД: Населбата се претвори во најголемиот хиподром во Македонија на отворено

Граѓаните на социјалните мрежи велат, Ѓорче или Дивот Запад е ова, по улиците наместо возила се движат коњи. Фотографијата која денес кружи по социјалните мрежи е направена на улица Даме Груев, каде велат изгледа го имаме најголемиот хиподром на отворено. Ваквата состојба по улиците иако навидум изгледа смешно претставува сериозна опасност за граѓаните и безбедноста во сообраќајот. Граѓаните коментираат дека присуството на коњи по улиците може да предизвика сериозни сообраќајни несреќи, но сега за сега надлежните молчат за ваквите случувања.