Ѓорѓиевски: Законот за млади може да се реализира само со партнерство помеѓу локалната самоуправа и младинскиот сектор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Младите и младинските права беа во фокусот на дискусијата меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставниците на Волонтерскиот Центар, кои беа на работна посета во општината. На средбата тие го запознаа градоначалникот со работата на ова здружение кое има седиште во Кисела Вода, но активно функционира и во цела држава и на меѓународно ниво. Разговараа околу плановите на првиот човек на општината во поглед на проектите поврзани со потребите и можностите на младите лица, какви што, пред се’, реализира Волонтерскиот центар Скопје. Соговорниците беа единствени во заклучокот дека приоритет треба да биде спроведувањето на Законот за младинска политика, кој на локално ниво не може да се реализира без добро партнерство помеѓу локалната самоуправа и младинскиот сектор.

На средбата се разменија бројни идеи околу можните активности кои би значеле понатамошна соработка со Волонтерскиот центар, а се во насока на спроведување на одредбите на Законот за младинска политика. Паралелно, градоначалникот се интересираше за текот на Програмата Еразмус плус која во моментот активно се одвива преку повеќе проекти.

Неодамна, токму преку заедничката соработка на Општина Кисела Вода и Волонтерскиот Центар Скопје и уште неколку други граѓански организации, се спроведе акција за донирање за социјално загрозени лица од општината и за генерално чистење на населбата Расадник.

-Вакви и слични акции ќе има и во наредниот период, а отворени сме и за сите други активности кои имаат за цел преку промовирање на волонтерството, да јa подигнат свеста кај младите лица за нивното значење во општествениот живот-потенцираше градоначалникот Ѓорѓиевски на крајот од средбата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This