Ѓорѓиевски: КУД Китка преку 50 години гласно говори пред светот за Македонецот и за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа беше гостин на традиционалниот годишен концерт на КУД “Китка” од Драчево. Настанот под име “Прошетка низ Македонија” собра на едно место, во Домот на културата во селото Драчево, голем број од љубителите на македонскиот фолклор и почитувачи на работата на ова културно уметничко друштво. На самиот почеток, беа доделени благодарници за успешна соработка на Општина Кисела Вода и на други помагатели на “Китка”. Заблагодарувајќи се, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање ја назначи важноста на овој фолклорен ансамбл кој е препознатлив белег на Драчево, но и на цела општина Кисела Вода.
-Од самиот почеток на своето постоење, се до денес, “Китка”, претставува културен ентитет кој успешно придонесува за афирмација на македонскиот фолклор и традиција ширум светот. Културата е нераскинлив дел од човековото битисување. Таа е наше духовно богатство кое сведочи за постоењето и опстојувањето на македонскиот народ. А фолклорот е нејзиниот ракопис. Македонските народни ора и песни се вековна традиција и сведоштво за историјата, за верувањата и обичаите на нашиот народ. Тие се автентична потврда на македонскиот идентитет.
КУД “Китка” повеќе од 50 години го исполнува аманетот од нашите предци – преку ритамот, преку песната, преку носијата и орото, гласно да говори пред светот за Македонецот, за македонскиот народ, за Македонија- подвлече Ѓорѓиевски, додавајќи дека обврска на локалната самоуправа, и негова, како градоначалник е да се обезбеди сеопфатна поддршка на овие уметници кои се наши културни амбасадори ширум светот.
Низ двочасовната “Прошетка низ Македонија”, КУД Китка се претстави со многу познати македонски традиционални ора и песни. На сцената нив ги донеса преку 80 играорци низ различни кореографски постановки, а посебен белег оставија и уникатните македонски носии. Раководството на овој фолклорен ансамбл беше задоволно од приемот кај публиката, но и поради тоа што со овогодинешниот концерт на КУД Китка, за првпат беше отворена и салата за свечености во Домот на културата во селото Драчево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This