дома Македонија Ѓорѓиевски: Мoитe миcли и мoлитви ce зa Тeтoвo и тeтoвчaни, Бог дa...

Ѓорѓиевски: Мoитe миcли и мoлитви ce зa Тeтoвo и тeтoвчaни, Бог дa e co cитe

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски се огласи на Фејсбук по големата трагедија во Тетово.

Ѓорѓиевски искоментира дека нема зборови кои можат да се најдат за да ги утешат семејствата на настраданите во страотната трагедија која синоќа се случи во модуларната болница во Тетово.

Во продолжение објавата на Ѓорѓиевски:

Нема зборови кои можат да се најдат за да ги утешат семејствата на настраданите во страотната трагедија која синоќа се случи во модуларната болница во Тетово.

Изразувам длабоко и најискрено сочувство, посакувам брзо закрепнување на повредените.

Ова е најголема трагедија…

Моите мисли и молитви се за Тетово и тетовчани, Бог да е со сите. – стои во објавата на Орце Ѓорѓиевски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.