дома Локално Ѓорѓиевски на терен од првиот ден: Сите започнати проекти ќе се завршат...

Ѓорѓиевски на терен од првиот ден: Сите започнати проекти ќе се завршат во рекорден рок, а од понеделник започнуваме со реализација и на проектите на кои се обврзавме во изборниот период

Новиот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес и официјални ја презема функцијата, а првиот работен ден го помина на терен, во обиколка на започнатите проекти кои не се довршени. Ѓорѓиевски вети дека овие проекти ќе се завршат во рекорден рок, а веќе од понеделник започнува реализацијата на проектите кои беа презентирани во изборната кампања.

„Првиот работен ден го започнав со увид на текот на неколкуте започнати, но недовршени проекти.
Направивме обиколка во општината, каде затекнав намалена работна активност. Ова го менуваме уште од утре.
Сите започнати проекти ќе мора да се завршат во рекорден рок, а од понеделник започнуваме со реализација и на проектите на кои се обврзавме во изборниот период. Затоа што Кисела Вода заслужува!“, информираше Ѓорѓиевски преку официјалната фејсбук страница.