дома Политика Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Македонија

Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Македонија

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во земјава.

По тој повод тој објави и Фејсбук статус кој ви го пренесуваме во целост.

Денес во мојот кабинет остварив средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

Ги презентирав плановите и проектите кои беа дел од мојата програма кои веќе се започнати со реализација. Посебно внимание посветивме на можностите на подобрување на деловната клима и инвестицискиот амбиент во општината што ќе донесе значајни економски придобивки за граѓаните.

Амбасадорката ја изрази својата желба за заедничка соработка преку иницирање на проекти од заемен интерес, а посебен акцент беше ставен врз искористувањето на хрватските искуства во поглед на искористување на средствата со европските фондови.

Соработката со Република Хрватска ќе продолжи и во иднина и ќе се зацврсти, а сето тоа ќе биде во интерес на жителите на Кисела Вода.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.