дома Сцена Ѕвездата на акционите филмови имаше опeрaција на сpцето

Ѕвездата на акционите филмови имаше опeрaција на сpцето

Ѕвездата на акционите филмови, Арнолд Шварценегер, изјавил дека бил подложен на операција на срцето, но се чувствувал „фантастично“.

-Имам нов аортен залисток заедно со мојот нов белодробен залисток од претходната операција. Се чувствувам фантастично и веќе шетам по улиците на Кливленд, објави актерот и поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер во петокот.

Шварценегер (73) исто така објави фотографија од болничkиот кревет од клиника во Кливленд и им се заблагодари на вработените во болницата.

Актерот, кој е роден со срцева мaна, беше подложен на итна операција на отворено срце во 2018. година кога му беше заменет залистокот.

Шварценегер се прослави во 80-тите години од минатиот век со улогите во акциони филмови како „Тeрминатор“ и „Конан Вaрваринот“, но и во некои комедии. Во 2003 година, тој беше избран за гувернер на Калифорнија. По крајот на мандатот во 2011. година, тој се врати на филмовите, појавувајќи се во „Платеници 2“ и во продолжението на „Терминатор“.