дома Балкан Ѕвонко го прегазил комбајн тежок 10 тони: Дебелиот слој сало на стомакот...

Ѕвонко го прегазил комбајн тежок 10 тони: Дебелиот слој сало на стомакот ми го спаси животот

Ѕвонко Заграњин од местото Врба во близина на Краљево, имал среќа кога откако бил прегазен од комбајнот со кој работел, завршил само со две сркшени рабра, набиеници и модринки. Тој со масивната машина тешка повеќе од 10 тони берел пченка, а кога комбајнот застанал, земјоделецот Ѕвонко легнал под него за да види што е работата. Момент на невнимание бил доволен за тој несакајќи да го вклучи агрегатот, а машината се запалила и го прегазила.

– Едно од големите тркала ми помина на левото рамо, преку стомако и колкот. Уште на мене ги имам трагите од гумата. Не знам што ќе беше мојот шура да не ја исклучеше веднаш машината, раскажува Ѕвонко за несреќата.

Zvonko-Zagradjanin-620x350

Иако претрпел огромна болка, тој не изгубил свест, а по пристигнувањето на Итната помош, во возилото го внесувале четворица соседи бидејќи тежи 160 килограми. И во општата болница во Краљево персоналот имал проблеми со својот пациент, па болниари од 3 оддели го префрлувале на рентген масата.

-Кога наодите излегоа добри и потврдија дека немам посериозни повреди, атносферата стана поопуштена. Докторите ми рекоа дека иако не е добро што сум толку дебел, да не сум имал толкав слој сало на стомако, исходот ќе бил многу поинаков, раскажал земјоделецот.