дома Актуелно Јавно и на оваа говорница кажувам: Не ни треба ЕУ ако некој...

Јавно и на оваа говорница кажувам: Не ни треба ЕУ ако некој сака воопшто да збори за македонскиот јазик и македонски идентитет

Премиерот Зоран Заев на денешната седница во Собранието на која се поставува пратенички прашања истакна дека ниту оваа, ниту било која Влада не смее да разговара за македонскиот јазик и идентитет.

Тој посочи дека им кажал на сите европски лидери дека доколку на маса е идентитетот, Македонија воопшто нема да разговара со никого.

Заев уште една потенцираше дека на Македонија не и треба Европска Унија ако некој сака да преговара за македонскиот јазик и македонски идентитет, бидејќи мнозинскиот народ во Македонија се Македонците.

-За една работа се сложуваме сите, а тоа е дека ниту оваа, ниту било која идна Влада не смее да разговара за македонскиот јазик и идентитет. Тоа е впрочем и потврдено, ако било поинаку денес истите вие кои што велите оди Заев во Софија да направи ново предавство истите вие викате зошто не испорачавте членство во ЕУ? Кој всушност се вашите ставови? Да го штитиме македонскиот јазик и македонскиот идентитет или по било која цена да се договориме со Бугарија за да можеме да станеме членка на ЕУ? Не и од Брисел пред Фон Дер Лајен, пред Борел, пред Шарл Мишел, пред сите европски лидери на институциите потврдивме, доколку е на маса, воопшто не разговараме. А не воопшто да разговараме дали е вака или онака. Не разговараме воопшто. И јавно и на оваа говорница кажувам: Не ни треба Европска Унија ако некој сака воопшто да збори за македонскиот јазик и македонски идентитет. Затоа што ќе биде обезличени, мнозинството народ овде се Македонци, во оваа наша земја, вели заев: