April 24, 2024, 11:42 pm

Јаглен ќе се увезува од Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за економија, Крешник Бектеши, придружуван од заменик-директорот на АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ), Имер Зенку, оствари работен состанок со министерката за економија на Косово, Артане Ризваноли, и директорот на Косовсата енергетска корпорација (КЕК), Нагип Красниќи.

Тема на состанокот беше можноста за набавка на јаглен од Република Косово за потребите на Македонија за зголемување на домашното производство на електрична енергија.

На состанокот, на кој почнаа договорите за условите за набавка на јаглен од Косово, беше договорено во наредниот период да биде потпишан меморандум за разбирање меѓу двете земји, со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за непречено производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети во Македонија.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најпрвин ѝ се заблагодари на министерката Ризваноли за приемот и ѝ посака успех во нејзиниот мандат во иднина. Бектеши понатаму додаде дека секоја криза бара соработка и дека двете страни се заинтересирани за натамошно продлабочување на соработката во иднина.

– „Како Македонија секогаш сме подготвени и заинтересирани да ја зголемиме соработката со Република Косово на секое поле, особено сега кога се соочуваме со здравствената и енергетската криза поради која сме собрани денеска. Значи, ние и претходно сме разговарале, многу сме заинтересирани да ја продлабочиме соработката, особено во однос на набавката на јаглен од Република Косово во Македонија за потребите на функционирањето на термоцентралите бидејќи капацитетите во однос на експлоатацијата на јаглен ни се ограничиени и имајќи предвид дека Косово има значителни резерви, сметаме дека техничките тимови треба да изнајдат решение што ќе биде вин-вин и за Република Косово, но и за Македонија. На тој начин да се зголеми соработката не само со увозот на јаглен туку и во однос на пазарот на електрична енергија воопшто за двете земји. Ние сме крајно заинтересирани да се изнајде такво решение имајќи предвид дека во одредени месеци и Косово можеби ќе треба да увезува струја од Македонија и обратно, но за да се постигне тоа, сигурно треба да го зголемиме производниот капацитет. Верувам дека еден ваков договор, од кој ќе имаат корист и двете земји, ќе биде договор што во наредниот период ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со електрична енергија“ – изјави министерот Бектеши.

Министерка за економија на Косово, Артане Ризваноли, рече дека треба активно да се работи во иднина и се согласи дека од овој договор ќе имаат придобивки граѓанитете на двете земји.

– “Сакам да ви се заблагодарам за соработката што ја имавме досега и за поддршката што му ја дававте на нашиот енергетски сектор, и тоа не само сега, туку и во минатото. Секако, соработката воопшто и визијата и стратегијата што ја имаме пред нас предвидува поблиска регионална соработка на Албанија и Македонија, но надвор од тоа не можеме поради фактот што сме во време кога сите се соочуваме со енергетска криза. Секако дека ја поздравувам оваа средба за да видиме што можеме да направиме, освен долгорочна соработка и стратегија, што можеме да направиме за да си помогнеме меѓусебно. Уверена сум дека придобивките ќе бидат двострани, очекувам да бидеме коректни во преговорите и да вложиме напори да помогнеме во искористувањето на ситуацијата, важно е заедно да соработуваме за да што е можно полесно да ги надминеме ефектите од оваа криза“ – истакна Ризваноли на состанокот.

За време на официјалната посета и средбата разменети беа мислења за важни прашања поврзани со продлабочувањето на трговската соработка меѓу двете земји, идните проекти и со посебен акцент на соработката во енергетскиот сектор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This