дома Политика „ЈАДЕЊЕ ЖИВИ ЛУЃЕ“ ЗАШТИТЕНО СО ЗАКОН: Помина првото читање на Законот за...

„ЈАДЕЊЕ ЖИВИ ЛУЃЕ“ ЗАШТИТЕНО СО ЗАКОН: Помина првото читање на Законот за државни службеници, се спрема чистка во јавниот сектор и целосна партизација!

Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи со отсуството од Собранието, тогаш ваките и други штетни закони ќе продолжат да се носат со експресна брзина од пратениците на СДСМ и ДУИ.

Злоупотребувајќи го отсуството на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието, парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ денес во експресна процедура го помина предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници во прво читање.

Законот е подготвен од Дамјан Манчевски, долгогодишен потпретседател на СДСМ, а моментално е министер за информатичко општество и јавна администрација.

Со измените на законот, ќе се намалат критериумите за влез во јавниот сектор, со што ќе се создадат претпоставки за масовен влез на партиските војници на СДСМ во јавната администрација.

Воедно, ќе се променат условите за напредување во службата, со што ќе се овозможи масовна чистка на професионалците и способните кадри во јавниот сектор, со нивно деградирање и разрешување.

Истовремено, со измените кои ги предлага СДСМ и нивниот министер, ќе се создадат услови за скандалозно брзо напредување на кадрите на СДСМ во јавниот сектор, со што ќе се загуби секој критериум и европските стандарди.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи со отсуството од Собранието, тогаш ваките и други штетни закони ќе продолжат да се носат со експресна брзина од пратениците на СДСМ и ДУИ.