дома Uncategorized Јакимовски во утринска контрола: Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите...

Јакимовски во утринска контрола: Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место

Утрово бев во вонредна контрола на службата задолжена за чистење на улиците и одржување на хигиената на општината. Од тоа што го затекнав на терен ми стана јасно зошто Карпош беше толку нечист и запуштен во овие изминати четири години, објави на својот фејсбук профил новиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место и ништо не работат. Нема да дозволам општинската администрација да се однесува неодговорно кон работата и кон своите сограѓани.
Заврши времето на неработење во Општината.
Во моментов во Карпош задолжени за хигиената се 118 вработени, а Карпош никогаш не бил понечист.
Во предизборната кампања ветив дека Карпош повторно ќе го врати својот сјај и имам намера да го исполнам тоа.
Карпош повторно ќе биде чист, улиците повторно ќе бидат уредни и средени!