дома Македонија Јакимовски: Да кажете дека сам ја финансирате СДСМ, богами бајаги дебел во...

Јакимовски: Да кажете дека сам ја финансирате СДСМ, богами бајаги дебел во вратот треба да бидете

Во најновата аудио бomба се спомнуваат 8.5 милиони евра, а во имотните анкетни листови на Зоран Заев се спомнуваат станови, заштеди, возила и ниви. Кога ќе се собере се, тоа е далеку од 8.5 милиони евра. Заев јавно во медиумите кажуваше дека неговиот имот заедно со сопругата изнесува некаде околу 120-130 илјади евра.

-Знаете што значи да кажете јас ја финансирам партијата, јас лично? Знаете ли што е СДСМ и колку се тоа трошоци на месечно или годишно ниво? Изборни трошоци. Дали знаете дека еден митинг на СДСМ чини 300 илјади евра. Тоа е за еден митинг. А замислете во кампања кога треба да направите од прв до последен митинг. Тоа е само за кампањи, а што е онаа зграда на Бихаќка. Таа треба да се лади да се грее. СДСМ има вработени по општинските организации. И да кажете дека тоа вие го финансирате, богами бајаги дебел во вратот треба да бидете, рече претседателот на ГРОМ, Стефче Јакимовски во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.