дома Македонија Јакимовски: Договорот не го затвора македонското прашање, туку го отвора, cо него...

Јакимовски: Договорот не го затвора македонското прашање, туку го отвора, cо него не е решено ништо, ни јазик, ни идентитетот

Македонија мора да покаже дека не може да ја витка веќе кичмата. Мора да знаеме дека има прашања за кои не се разговара. Бугарија донела декларација дека светол период е 1941-45, тие не се срамат од тоа дека бил дел од фашизмот во тој периот. За нив црн е периодот од 1945 до 1992. Бугарија наместо да се извини за тој период, ни ја менува и нас историјата. Се сеќавате кога Вили Брант клекна на колена, рече Стевче Јакимовски, претседател на ГРОМ на гостувањето на Канал 5 телевизија во емисија Само интервју.


Според Јакимовски дека ова ќе се случува беше јасно уште во период на потпишување на Договорот за добрососедство.

-Кога му се спротивставувавме на Договорот со Бугарија, јас тврдев дека тој Договор не го затвора македонското прашање, туку го отвора. Со него не е решено ништо, ни јазик, ни идентетитет. Ако ние не покажаме став Бугарија ќе побара и да не припои. Нас едонствено ни е да го поништиме тој Договор и да и покажаме на Европа кои сме. Внимавајте Заев вика заедничка историја со Бугарија, а тие не како – како тоа е наша историја, кажа Јакимовски.