дома Актуелно ЈАКИМОВСКИ ДОСТОИНСТВЕНО: Граѓаните избраа приказни наместо резултати, му ја честитам победата на...

ЈАКИМОВСКИ ДОСТОИНСТВЕНО: Граѓаните избраа приказни наместо резултати, му ја честитам победата на Богоев

Стевчо Јакимовски, кандидатот на Гром за градоначалник на општина Карпош, пред малку му ја честиташе победата на Стефан Богоев од СДСМ во Карпош.

 

– Граѓаните меѓу резултатите и приказните, ги одбраа приказните. Дали направиле вистински избор ќе видиме за 4 години – рече кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Јaкимовски кажа дека не се преброени сите гласачки ливчиња, но секако разликата е голема.

Според него, се случувале чудни работи во Карпош, но сепак, граѓаните, како што додаде, се определиле за „приказните“.