дома Политика Јакимовски до Богоев: Штo ocтaвaш ти Стефане, кoj e бeлeгoт нa твoeтo...

Јакимовски до Богоев: Штo ocтaвaш ти Стефане, кoj e бeлeгoт нa твoeтo влaдeeњe, коj е твojoт cпoмeник?

Го гледам најнеуспешниот градоначалник на Карпош во заминување кажува приказни пред своите членови дека јас сум оставил споменици зад себе – бетонски се разбира, а тој избришал 2 маркици!

Да Стефане, оставив споменици: 6 плоштади, 4 фонтани, 217 комплетно реновирани улици, 10 комплетно реновирани училишта, 9 градинки(започнати 2 нови), 76.000м2 паркови, 54 фасади, кејот на Вардар, 1 мост, 1 надвозник, 20ина осветлени спортски терени, 4600 нови светилки. Оставив и бетонски споменици – така е.

Но, што оставаш ти Стефане? Кој е белегот на твоето владеење? Кој е твојот споменик?

Сеење 4 годишна магла? Каде ти е паркот покрај Илинденска од 100.000м2? Партизан 4? Каде се базените? Каде се студентските и пензионерските домови?Но, за 4 години нормално е маглата да се крене, Стефане. Сега тебе граѓаните на Карпош те прашуваат – каде потроши 25 милиони евра?

Што им оставаш на граѓаните на Бардовци?

Кои комшии им ги носиш?

Или ти сега не живееш таму, па лесно ти е? Си се пресели во Тафталиџе и тоа Тафталиџе 1. Си зема стан во еден од “спомениците” на Стевче. Па нели таму не беше убаво? Млад си, а многу лажеш.

Кажи си дека ги бришеш маркиците за да не ти сметаат на твојот поглед пред зградата во која живееш.

Ако не си за бетонски споменици тогаш зошто ги црташ “спомениците” кај базенот Карпош и зошто луѓето протестираат?

И за крај, не го резили и не го прљај кандидатот за градоначалник. Колку фајде видоа карпошани од тебе, толку и тој ќе види. . . – стои во објавата на Стевчо Јакимовски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.