April 24, 2024, 12:24 pm

Јакимовски: Историјата вели дека кога Бугарите се во тесно ќе си го дадат и задникот, а кога си ти во тесно е тогаш ќе го бараат твојот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стевчо Јакимовски, Претседателот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ на својот фејсбук профил реагираше на изјавата дека Македонија била коминтерновска творба.

Хахаха!Македонија била коминтерновска творба?! Е ајде да видиме дали Сталин дал предлог да се признае македонската нација или самите Бугари?

Што кажува историјата? Историјата вели дека кога Бугарите се во тесно ќе си го дадат и задникот, а кога си ти во тесно е тогаш ќе го бараат твојот. По капитулацијата на Бугарија 9-ти септември 1944 година, власта во Бугарија ја презема комунистичката партија и Отечествениот фронт. Тогаш им горело под нозе за да се исперат од соработката со фашизмот и да не плаќаат репарации на Југославија заради окупацијата во Македонија и јужна Србија. Бугарите испраќаат писмо до командантот на Народноослободителната војска, маршалот Јосип Броз Тито. Како мачиња што се умилкуваат, покрај другото во писмото ги наведуваат следниве 3 точки и се обврзуваат дека ке дејствуваат по нив:

1. Бугарија се обврзува дека ќе работи на создавање на националната свест во Пиринска Македонија;

2. Бугарија се обврзува да го реши македонското прашање;

Бугарија ветува дека ке се пресмета со великобугарските шовинисти од кои очекуваат да се противат на првите две точки;

Потоа Бугарија пристапува кон реализација на овие точки.

Апси или како што тие велат (арестуват) околу 300 великобугарски националшовинисти, 60-тина од нив набрзо се егзекутирани, дел пратени во работни логори и нормално голем број од нив таму и починале. На некои од нив им се губи секаква трага. За нивното изчезнување има две верзии: по едната, овие луѓе се предадени на Сталин, а оттаму завршуваат во гулазите ширум Советскиот Сојуз. Втората верзија вели дека дел од нив се предадени на југословенската тајна полиција УДБА и од нив егзекутирани.

Но да се вратиме на македонскиот “впрос”.

Значи не Сталин, туку Бугарите сами за да се додворат на Тито му предлагаат да ја признаат македонската нација. Оставрувањето на првите две точки од писмото започнува со заклучоците на ЦК на КПБ на пленумот кој се одржал 1946 година каде на предлог на Георги Димитров се откажуваат од Цар Самуил, одлучуваат да ги дадат моштите на Гоце Делчев во главниот град на слободна Македонија и започнуваат со пребројување на Македонците во Пиринска Македонија како и подготовка на предавање на Благоевградскиот округ да се припои кон Југославија. На овој попис 160.000 луѓе се изјасниле како Македонци од вкупно 250.000 во Пиринска Македонија. Како Бугари се изјасниле 53.000 и околу 40.000 Помаци.

И тоа не е се!

Дури потоа одат кај Сталин во 1946 година на средба на која од југословенска страна присуствуваат Тито и Александар Ранкович, а од бугарска Георги Димитров, Коларов и уште еден член на кого во моментов не му го паметам името. На состанок Сталин вели на Македонците прво да им се даде културна автономија а потоа Пиринска Македонија да се припои кон Југославија.

И тоа не е се!

Знаете ли кој ги кажува овие факти?

Главом и брадом, убав на мајка, кој би можел освен Красимир Каракачанов. Овие факти тој ги изнесува пред 8 години во една емисија која самиот ја води сакајки што е можно повеќе да ја оцрни комунистичката партија на Бугарија и Георги Димитров несфаќајки дека денеска ни прави само услуга со која самиот потврдува дека предлог за признавање на македонската нација во Пиринска Македонија не дала ниту Коминтерната ниту Сталин, туку самата Комунистичка партија на Бугарија во обид што е можно повеќе да влезе под кожа и да се умилкува на југословенските власти за да се спаси од плаќање на репарации.

Значи Каракачанче, прав Бугарин си! Историјата си ја користиш кога како ти треба и притоа покажуваш невидена храброст, но таа храброст не ти е зашто од ништо не се плашиш, туку затоа што од ништо не се срамиш.

Затоа господа од власта малку прикочете! Дур! Не дошол нож под грло. Бугарите функционираат под принципот „АПП“- ако проџе-проџе.

Епа во Македонија сите немаме путер на главата, не сме сите уценети, сите не се плашиме и ќе се бориме до крај за мајка Македонија.

Хахаха!Македонија била коминтерновска творба?! Е ајде да видиме дали Сталин дал предлог да се признае македонската…

Posted by Stevco Jakimovski on Wednesday, December 2, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This