дома Политика Јакимовски: Кога ќе сфатиме дека не нѐ сакаат во Европската Унија, како...

Јакимовски: Кога ќе сфатиме дека не нѐ сакаат во Европската Унија, како на друг начин да ни кажат дека не нѐ сакаат?

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, во денешното гостување во „Што не е јасно“ на ТВ Алфа зборувајќи за евроинтеграцијата на земјата, истакна дека во Европската Унија не не сакаат, и дека тоа јасно ни го кажуваат со постапките.

„Веднаш треба да прифатиме друга асоцијација што се прави во предворјето на Европа. Како другачие да ни кажат дека не не сакаат во Европа? Како другачие да ни кажат дека ние Балканците не може да имаме исто право на глас како Германија? И они викаат, добро, вие ќе бидете во една друга асоцијација, ќе ги имате европските вредности да знаеме дека законите ни се исти, ќе бидете прозападно, пронато и проамерикански ориентирани, и ќе бидете тука, ама одлуки нема да ни носите. Ќе дојдете на свадба, ама не може да нарачате песна, не може да седнете на масата кај кумот, на чело на оро нема играње… И ако ние сакаме да си го сфатиме тоа на време во ред, ако не, мислам дека тоа е грешка на господинот Пендаровски. И ако веќе кажува алтернативи, јас би сакал да прашам која е алтернативата на Македонија, бидејќи до вчера викаа дека нема друга алтернатива освен Европа“, рече Јакимовски.